Пребарувај:
домаелектронска пошта | помош | контакт | за сонет к
Од:           Сонет интернет провајдер
Формати:   HTML

Pegasus Mail
(кратко упатство)

Електронска пошта, или E-mail е една од најкористените можности на Интернет. Електронската пошта претставува пренесување на писмо, слично како пренесувањето на факс преку интернет. “Писмата” пренесени на овој начин можат да бидат одкуцани на компјутер или скенирани, за што е потребна додатна опрема. Карактеристика на електронската пошта е што таа стига веднаш или многу брзо до компјутерот што треба да ја прими. Секако тоа не значи дека човекот од другата страна веднаш ќе ја прочита, тоа зависи од неговата желба.

Постојат многу програми кои се наменети за размена на електронска пошта со Интернет. Еден од одлично направените е Pegasus Mail за кого и се однесува текстов понатаму. Секако, вие на никој начин не сте спречени да користите било кој друг програм за оваа намена.

Повикување на програмата

Еднаш правилно инсталиран, Pegasus Mail може да се стартува се старува со двјно кликнување со глувчето на Pegasus иконата. По старувањето, ќе се појават два прозори, еден голем наречен Pegasus Mail и еден помал во него наречен Button Panel, односно Табла со Копчиња. Таблата со копчиња ги содржи функциите кои ќе бидат најкористени и нејзиниот изглед може да се менува до додавање или одземање копчиња. 
Останатиот дел од прозорот може да се игнорира за сега.

Помош

Тастерот F1 притиснат во било кое време ќе отвори нов прозор во кој ќе се појави опис на работите кои ги работите во моментот. Секако, текстот е на Англиски јазик. Еднаш појавен, прозорот можете да го затворите на дугмето х во горниот десен агол на прозорот, или со притискање ALT-F4.

Читање на електронската пошта

Најпрвин новата пошта. (“Нова” пошта е електронската пошта која сеуште не е прочитана). Да ја прочитате вашата нова пошта, кликнете на копчето “Read New Mail” од таблата со копчиња. Ќе се отвори нов прозор кој ќе ги содржи новите пораки, наречен “New Mail Folder”.
Папка со нова пошта (New Mail Folder)
Под насловот на новиот прозор се наоѓаат низа од копчиња, а под нив се наоѓаат новите пораки табелирани во Од, Тема и Датум/Време.
Слична процедура важи и за читање на веќе прочитаната електронска пошта. 

Отварање и читање на пораки

Гледајте во пораката што сакате да ја видите, однесете го глувчето на неа (тоа стрелката која ја движите со глувчето) и кликнете двојно (дупло кликнување) врз пораката. Алтернативно означете ја пораката со еден клик врз неа и стиснете на “Open” од таблата со копчиња. Нов прозор ќе се отвори со содржината на пораката.
Во горниот дел од прозорот со пораката пишува од кого е таа испратена. Под тоа има уште еден сет од копчиња и под нив се наоѓа пораката.

Печатење на порака

Притиснете на копчето што личи на печатач. За тоа, секако, треба да имате печатач.

Одговарање на порака (Reply)

Кликнете на копчето и нов прозор ќе се отвори. Забележувате дека програмот сам се погрижил да ја адресира пораката до испраќачот и би требало текстот што ви бил напишан да се содржи во новиот прозор. Напишете ја порака и притиснете SEND.

Бришење на пораки

Од листата со пораки, зацрнете ја пораката што сакате да ја избришете (со кликнување еднаш врз неа со глувчето) и притиснете го DEL на тастатурата. Доколку ја имате отворено пораката што сакате да ја избришете, притиснете врз копчето “Delete”. Во секој случај ќе бидете уште еднаш прашани дали сте сигурни да ја избришете пораката.

Читање на веќе прочитана пошта

По читањето на новата пошта, доколку не ја избришете, таа ќе биде пренесена од папката со нова пошта (New Mail Folder) во основната папка (Main Folder). Притиснете го копчето со облик на плико и кликнете два пати на “Main”. Нов прозор ќе се отвори и процедурата понатаму е идентична како претходно. Многу е корисно што можете да креирате повеќе вакви папки, и пораките да ги чувате во нив, што е посебно корисно ако неколку луѓе го користат компјутерот или примате многу пораки.

Испраќање на електронска пошта

Да испратите порака, кликнете на копчето како погоре. Нов прозор ќе се отвори со повеќе полиња во него.
Адресирање (То:). Логично, во ова поле се внесува адресата на корисникот до кој ќе биде испратена пораката. Под адреса не се мисли на неговата поштенска адреса, туку електронска адреса, која има облик на korisnik@mesto1.mesto2.lokacija. Знакчето @ се чита ет (ат на англиски).
Тема (Subj:). Пожелно е да се напише темата на пораката во ова поле, што ја зголемува прегледноста, особено кога се примаат голем број на пораки.
Carbon Copy (СС:). Во ова поле се внесуваат адресите или адресата на луѓето кои сакате да добијат копија од пораката што ја испраќате.

Останати можности

Иако нема секојдневно да ги користите, добро е да знаете дека постојат.

Организирање на вашата електронска пошта

Организирањето на електронската пошта е нешто што рапидно ќе стане важно од моментот кога ќе почнете да примате многу пораки.

Создавање на папки. Pegasus Mail користи нешто наречено папки да ја организира електронската пошта. Од самиот почеток, вие имате две папки: “New Mail” и “Main”. Програмот автоматски ја преместува прочитаната пошта од папката со нова пошта во основната папка. Да креирате повеќе папки, одете на копчето со плико (покажано подолу) и од новиот прозор кликнете на копчето со текст “NEW”. Потоа во полето “long name of the item” внесете го името на папката која ќе ја креирате и кликнете на ОК.

Пренесување на пораки во други папки. И прозорот со листата на пораки и прозорот со порака имаат копче “Move” во горниот дел. Пораките кои сакате да ги преместите од прозорот со листа на пораки морате прво да ги зацрните (со едек клик на глувчето врз нив). По притискањето на копчето, изберете ја папката каде сакате да ги префрлите пораките и двојно кликнете на неа.
Copy self. Понекогаш е многу корисно да ги чувате и пораките што сте ги испратиле. Да ја сочувате пораката што ја испраќате, кликнете на малото копче наречено “Copy self” додека ја пишувате пораката. Ваквите пораки се чуваат во посебна папка, наречена “Copies to self”. Ова копче ќе остане притиснато и во следните пораки, се додека не го исклучите.

Прикачување на датотеки. На пораките можат да се прикачуваат и датотеки. Може тоа да бидат слики, документи (во Word на пример) или софтвер. Може да се испратат и повеќе датотеки одеднаш. Кликнете на “Attach” табот додека ја пишувате пораката и изберете кои датотеки сакате да ги прикачите.


Препраќање на пораки (Forwarding). Понекогаш ќе посакате да препратите порака која стигнала до вас до други луѓе. Тоа значи дека пораката што сте ја добиле ќе остане кај вас, а нејзина копија ќе биде испратена до уште некој друг на Интернет. Многу корисно. Тоа е можно со кликање на “Forward” копчето на отворена порака, по што ќе треба да ја внесете адресата каде да биде препратена.



Copyright © 2000 SONET. Сите права се заштитени.