Сонет е еден од првите Интернет и VPN сервис понудувачи во Македонија. Како еден од пионерите во промовирањето на Интернет технологијата во земјата, Сонет постојано ги насочува своите деловни активности кон обезбедување на софистицирани современи IP решенија според највисоките светски стандарди.

Сонет има одлична поврзаност кон глобалниот интернет, остварена преку редундантни линковски врски кон реномирани меѓународни оператори. Поседува и современ телекомуникационен и податочен центар и со тоа ги нуди сите најсовремени сервиси од оваа област.

Првиот бесплатен сервис за електронска пошта во Македонија "Freemail" (freemail.com.mk/mail.com.mk), е најголемиот e-mail сервер во земјата со повеќе десетици илјади регистрирани корисници и е целосно подржан од страна на Сонет.