|
За
нас
Сонет е комерцијален Интернет
провајдер роден со трансформација на Интернет програмата на Фондацијата
Институт Отворено Општество - Македонија. Интернет програмата
функционира од 1995 година како непрофитен Интернет сервис
провајдер (ISP), обезбедувајќи Интернет пристап на невладини организации,
средни училишта, болници, библиотеки, музеи и индивидуални корисници.
Во текот на 5 годишниот
период, со успешното реализирање на многубројни проекти и овозможувајќи
врвен квалитет на услугите, прераснува во еден од најголемите
провајдери во земјата. Сонет и понатаму на своите корисници
ќе им ги нуди познатите квалитетни услуги, а истите сега ќе бидат
достапни за сите заинтересирани страни по многу поволни цени.
Зошто
Сонет
Има многу причини зошто веруваме
дека Сонет е најдобар избор. Еве само неколку од нив:
Сигурен и брз Интернет пристап
Огромниот број V90 и ISDN влезни линии гарантираат секогаш слободна
линијаи квалитетна врска
Локален пристап
Без разлика дали сте во Скопје, Битола, Штип или Тетово, пристапниот
број е локален, избегнувајќи ги скриените трошоци кои некои провајдери
не ги ни спомнуваат.
Нема членарина
Ние не веруваме во присилување на корисниците да останат со нас.
Затоа, пак, вложуваме многу во квалитетот на нашите услуги.
Повластени тарифи
Пристапот меѓу 24 и 08 часот е осум пати поефтин.
Ова заедно со попустот од 50% за време на викенди и во
попладневните периоди од 18 до 24 часот ќе ви обезбеди многу екстра
часови сурфање за вашите пари.
Додатни
услуги
За деловните корисници, Сонет
нуди врвни Интернет и Веб решенија. Без разлика дали сакате да
обезбедите Интернет за вашата фирма или сакате да го пренесете
вашиот бизнис на Интернет, Сонет нуди одлична поддршка,
ниски цени и пријателски совети. Изнајмени линии, Web hosting,
Веб дизајн, Веб маркетинг и компјутерско образование во секое
време за најповолни цени.
|